| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на „Скај њуз“: Водителката го исклучи од програма британскиот генерал кој зборуваше дека хемискиот напад во Дума е измислица!

Скандал на британската национална телевизија „Скај Њуз“ откако презентерката на вестите на телевизијата, во паника го исклучи од програма бившиот генерал на британската војска кој во својата анализа изјави дека хемискот напад во Дума е измислица, и дека за Дамаск би било бесмислено во овој момент да изврши таков напад.

Генералот го цитираше амбасадорот на Русија во Велика Британија, признавајќи дека неговата логика е точна. Имено, зошто Сирија во овој момент би извршила таков напад, кога Асад веќе победи во војната.

-Не мора да ми верувате мене, земете ја изјавата на Трамп. Тој пред некој ден твитна дека со ИСИС во Сирија е завршено и дека се повлекуваат – рече Шо.

– И одеднаш – добивме хемиски напад – се обиде да продолжи со експерт, кога беше одеднаш прекинат од водителката.

– Жал ми е, многу ни е жал, толку долго чекате за нас, но ние треба да престанеме. Многу ни е жал – рече водителката и го прекина разговорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top