| четврток, 6 декември 2018 |

Застани, застани, го уби: Средношколци се тепаат како тренирани кучиња, другарите навиваат (вознемирувачко видео)

Снимка на брутална тепачка на средношколци од едно училиште во Задар се појави на социјалните мрежи.

Според хрватските медиуми, станува збор за тепачка на момчиња од исто училиште. Најверојатно тепачката е организирана, бидејќи никој од бројната публика не се обидува да ги раздели момчињата.

Во еден момент тепачите дури и прекинаа за да и наредат на публиката да се тргне настрана за да им даде повеќе простор за тепање. На крајот се замеша и еден од публиката , кој почна да го удира едниот од тепачите, по што настана масовна тепачка. Задарската полиција ја добила снимката и во тек е истрага.

Неодамна, слична ваква тепачка меѓу две ученички имаше и во Сплит, каде 150 средношколци од две училишта навиваа додека девојчињата се претепуваа.

Две ученички во Сплит се тепаат, а стотина другари гледаат и навиваат (видео)

Денеска македонската јавност ја потресе брутална тепачка меѓу девојчиња во основно училиште во Неготино.

Ова се случува во наше училиште: Девојчиња тепаат соученичка, ја влечат по земја (вознемирувачко видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top