Автомобилот – подморница „Лотус Еспирит“ кој агентот со дозвола за убивање го возеше во „Шпионот кој ме сакаше“ е даден на продажба. Она што е навистина неверојатно е што автомобилот сеуште е функционален, иако последен пат беше возен од страна на Роџер Мур, кој тогаш беше актуелниот 007.
„Лотус Еспирит“ досега не бил никогаш даден на аукција, од причина што сите овие години беше заборавен во гаража.
Аукциската куќа сеуште не понудила почетна цена за оваа амфибија, но имајќи предвид дека снпоследниот Џемс Бонд автомобил кој беше даден на продажба, DB5 на Шон Конери, достигна цена од 4,4 милиони долари.
„Водената Нели“, како што автомобилот беше наречен за време на снимањето, беше изграден за тогашни 100 илјади, односно сегашни 500 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.