| четврток, 6 декември 2018 |

Неисправен бојлер уби тинејџер

Осумнаесетгодишно момче загина од струен удар во велешкото село Горно Јаболчиште.

Несеќата се случила вчера, околу 20.15 часот додека Беким К. се бањал во бањата од семејниот дом. Тинејџерот починал на самото место.

Истрагата утврдила дека причината за трагедијата била неисправна електрична инсталација, најверојатно од бојлерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top