| четврток, 6 декември 2018 |

Се продлабочува кризата во грчкиот фудбал: Играчите на Панатинаикос одбија да тренираат

Се поголема криза го тресе најтрофејниот грчки фудбалски клуб Панатинаикос кој тоне во долгови, а проблемите се зголемуваат откако играчите не се појавиле на последниот тренинг во знак на протест поради несиплатените плати, објавија грчките медиуми.

Играчите му порачале на претседателот Василис Константину дека ќе штрајкуваат додека не ги добијат заостанатите плати барем до декември 2017 година. Инаку тие немаат добиено пари од клубот од октомври минатата година.

Финансиските проблеми на Панатинаикос започнаа на почетокот на сезоната кога сосптвеникот Јанис Алафузос реши да го запре финансирањето на клубот. Минатата недела, грчката Супер лига му одзеде на Панатинаикос три бода бидејќи на поранешниот играч, Јенс Вемер, не му исплатил речиси 500.000 евра.

Во финишот на сезоната „зелените“ се наоѓаат на 11.место на табелата. Панатинаикос низ историјата има освоено 20 титули во Грција, а нивната ситуација само ја продлабочува кризата во грчкиот елитен фудбал. Пред десетина дена сопственикот на Олимпијакос ги распушти фудбалерите од првиот тим незадоволен од нивните игри и изјави дека до крајот на првенството тимот ќе настапува со младинци. Екипата на ПАОК пак беше парично казнета и и’ беа одземени 3 бода заради инцидентот во кој сопственикот на клубот влета со пиштол на теренот, па во оваа ситуација екипата на АЕК е најблиску до титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top