Откриени се тајни документи кои покажуваат дека кралот на поп-музиката давал огромни суми пари за да замолчи најмалку 12 деца кои сакале да го обвинат за злоупотребување во 1989 година.
Според документите кои сега ги поседува ФБИ, Мајкл Џексон дал дури 35 милиони долари за 12 деца засекогаш да ја закопаат тајната дека ги злоупотребувал.
Овие документи ги објави весникот „Сандеј пипл“, во кои стои дека Џексон и покрај неговото тврдење дека само минувал време со деца помлади од 15 години на неговиот ранч Недојдија во 1989 година, тој, сепак, таму и ги злоупотребувал. Џексон бил опседнат со детска порногрфија и ги врбувал децата на неговите пријатели. Се претпоставува дека бројот на злоупотребени деца е 17, меѓу кои имало и пет млади актери.
Компромитирачкиот материјал бил пронајден во станот на детективот Ентони Пеликано кого го ангажирал за да ги отстрани обвинувањата. Документите, наводно, не биле доставени на адвокатите за време на судскиот процес против Џексон во 2005 година.
Џексон по неколкугодишно судење беше ослободен од обвинението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


