| четврток, 6 декември 2018 |

Одлука за итно решавање на проблемот со струшката депонија

 Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за итно решавање на проблемот со депонијата во Струга.

Како што соопшти владината прес-служба, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата се задолжени да обезбедат финансиски средства со кои ќе се обезбедат услови за безбеден и економичен транспорт на сметот од струшката депонија до други безбедни депонии во Република Македонија.

– Во однос на оваа точка од дневниот ред беше истакнато дека во тек е ангажман на лица за обезбедување и надзор кои ќе ја надгледуваат целата локација, за да превенираат и спречат можни идни проблеми, соопшти службата за информирање на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top