Втор ден по ред жители на Тетово организирани преку социјалните мрежи протестираа против состојбите со третманот и палењето на сметот на претоварната станица на влезот во градот.
Жителите на Тетово се собраа на градскиот плоштад по што повторно се упатија кон зградата на Општината. И денеска како и вчера од страна на учесниците во протестот беа фрлени повеќе кеси со ѓубре пред влезот во општината, а дел од присутните фрлаа и со јајца врз објектот.
Дел од учесниците се надеваат дека денешниот старт на работите за расчистување на депонијата нема да остане само на тоа туку дека конечно сметот ќе биде отстранет од тој простор.
– Надежта умира последна само ако ние не умреме или не се разболиме претходно од големото загадување од депонијата. Сепак се надевам дека властите ќе имаат слух и оти ќе се реши овој проблем со депонијата, рече Небојша Стојановски.
За Олгица Алампиоска овој проблем со сметот би требало да се реши што е можно побрзо.
– И претходно сме имале проблеми, но изминатите денови не можеше ни да се спие поради страшната миризба и чадот насекаде низ улиците и по домовите, рече Алампиоска.
По околу половина час пред зградата на општината учесниците во протетот мирно се разотидоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Какво е тоа итно решавање на проблемот со струшката депонија по 2 месеци?
-
Наместо советниците, за депонијата во Дебарца ќе одлучува министерот за животна средина
-
Одлука за итно решавање на проблемот со струшката депонија
-
СДСМ, ДУИ и партијата на Села го одбија предложениот амандман за санација на депонијата во Струга