| четврток, 6 декември 2018 |

Германски филм во Кинотека на Македонија: Проекција на „Душевна кујна“ во режија на Фатих Акин

Гете-институт Скопје организира проекција на германскиот филм  Soul KItchen (Душевна кујна) во Кинотека на Македонија, на 10 парил (вторник) со почеток во 20 часот.

Германски филм во Кинотека на Македонија. Режисер: Фатих Акин, во боја, 99 мин., 2009

Угостителот Цинос го прати лоша среќа: најпрво неговата девојка Надине се сели во Шангај поради нова работа, а потоа и тој доживува повреда на `рбетниот столб. Во таа незавидна положба тој го ангажира екценричниот врвен готвач Шејн и наеднаш ги снемува и оние малкумина редовни гости на ресторанот. И како тоа да не е доволно, се појавува и неговиот брат Илијас- лесен криминалец и го моли за помош.

Додека Цинос размислува како да се ослободи од ресторанот, за да оди по Надине во Кина, Музиката и несекојдневното мени привлекуваат се повеќе публика. „Соул Кичн“ (Душевна кујна) растура како никогаш до тогаш. И тогаш почнуваат многу брзо да се менуваат настаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top