| четврток, 6 декември 2018 |

Почна Фестивалот на германски филмови за деца и млади во Кинотека на Македонија

Гете-институт Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија по седми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Фестивалот почна вчера (23април) и ќе трае до 28 април 2018 во Кинотека на Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.

На програмата се наоѓаат пет актуелни и возбудливи играни филмови. Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

Биберковци и клетвата на Црниот крал
Режија: Христијан Теде,
Германија 2017, 99 минути
Препорачано за возраст над 8 години
24.04.2018, 18:00
26.04.2018, 18:00
28.04.2018, 18:00

Венди
Режија: Дагмар Зојме
Германија 2017, 91 минути
Препорачано за возраст над 7 години
23.04.2018, 12:00
25.04.2018, 18:00

Тајната на смарагдот
Режија: Феликс Фуксштајнер, Катарина Шеде
Германија 2016, 113 минути
Препорачано за возраст над 12 години
26.04.2018, 18:00
27.04.2018, 12:00

Беше еднаш во земјата на Индијанците
Режија: Илкер Чатак
Германија 2017, 96 минути
Препорачано за возраст над 12 години
23.04.2018, 18:00
28.04.2018, 18:00

Амели трча
Режија: Тобиас Виман
Германија 2017, 97 минути.
Препорачано за возраст над 12 години
25.04.2018, 12:00
27.04.2018, 18:00

Гете-институт ги уверува сите љубители на филмот дека за секого ќе има нешто возбудливо, поттикнувачко, забавно или поучно и, секако, дека ќе има нешто за сечиј вкус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top