| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата пред кобното пукање зборувала со неа – откриени мотивите на ЈуТјуберката која ja нападна централата

Жената која во централата на интернет сервисот „Јутбјуб“ во Сан Браун во Калифорнија ранила три лица и потоа се убила, била гневна поради политиката и праксата на таа компанија и била во стрелана непосредно пред нападот, соопштила денес полицијата.

Неколку часа пред да пука во централата на ЈуТјуб, 39-годишната Насим Најафи Агдам им кажала на полицајците, кои ја пронашле како спие во автомобил, дека имала семејни проблеми и дека заминала од дома.

Во текот на 20-минутниот разговор со полицијата вчера рано наутро, таа не кажале дека е бесна на ЈуТјуб и не ја обвинила таа компанија дека ги блокирала нејзините видео клипови. Немало никакви показатели дека претставува закана по себе или по другите, наведува полицијата.

Полицијата додава дека Агдам влегла во зградата на ЈуТјуб преку гаражата.

Двете жени кои ги ранила биле ослободени од болница на домашно лекување, додека третото лице, 36-годишен маж, е во тешка состојба. Неговата состојба се подобрила, откако вчера била критична.

Таткото на Насим Агдам изјавил дека ден пред нападот ја предупредил полицијата дека неговата ќерка е вознемирена поради начинот на кој ЈуТјуб се однесува кон нејзините видеа и дека можеби планира да оди во компанијата. Полицијата го негира тврдењето на нејзиниот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top