| четврток, 6 декември 2018 |

Драма кај МВР: Пијан и со секира во рака удирал во железната барикада, барајќи ги децата

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во 20.30 часот било пријавено дека на улицата „Павел Шатев“ (задна капија на МВР), полициски службеник додека вршел редовна служба забележал непознато лице (во видно алкохолизирана состојба) коe се движелo кон задната капија на министерството со секира во раката и удрил три пати во железната барикада.

Откако полицискиот службеник побарал да се легитимира, лицето му рекло дека си ги бара децата и сакал да пријави настан по што ја фрлил секирата веднаш до оградата.

Утврдено е дека се работи за А.Д. (52) со живеалиште во Скопје и тој е приведен во Полициската станица Центар.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top