| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Мексико: Задавила бремена девојка и и го украла мртвото бебе!

Жената по име Синтија Фатима ја задавила бремената 20-годишна девојка и и го извадила бебето од нејзиниот стомак.

Синтија Фатима е обвинета дека ја намамила Џесика Габриела во својата куќа во Тампика, во мексиканската држава Тамаулипас, каде ја убила и го украла нејзиното мртво бебе за да исценира спонтан абортус.

Уапсена е заедно со сопругот Омар Ерике по пронаоѓањето на измасакрираното тело во нивната куќа. Синтија на својот маж не му рекла за својот абортус.

Габриела ја запознала Фатима на социјалните мрежи и отишла да се види со неа кога оваа и се понудила да и подари некаква облека за бебето. Семејството на Габриела тогаш го пријавила нејзиното исчезнување.

Полицијата се сомнева дека тука постои некаква врска кога жената, која тврдела дека и е сестра на Фатима, се појавила во локалната болница со мртвото бебе.

Според некои извештаи, таа на докторите им рекла дека нејзинат сестра имала спонтан абортус дома. Според други извештаи, таа криела дека го изгубила бебето месеци пред тоа.

За да се извлече од ситуацијата, таа контактирала неколку жени на социјалните мрежи, за да ги намами да се видат и таа ги убила и им ги украла неродените бебиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top