Жонг Чонгронг не е обичен милионер. Не вечера во најскапите ресторани, не оди на забави или концерти, не се дружи со кинеската елита. Жонг е еден сосема обичен 51- годишен милионер кој по работното време на сите можни начини се обидува и успева да заборави на својата финансиска моќ поради мир и лично задоволство. Во рацете наместо кеса – ѓубре. Пред точно три години, Жонг направи една од најважните одлуки во својот живот – стана ѓубретар, кој од 8 часот наутро секојдневно го чисти реонот во кој живее.
– За време на семејно патување во 2015 година во Хајнан, сретнав пензиониран професор кој ми предаваше на Универзитетот Чингхуа. Ми рече дека во последните 4 години собира ѓубре по околната плажа. Тој беше среќен што се грижеше за животната средина, екологијата му беше во прв план. Тој ми остави таков силен впечаток што и јас самиот посакав да го сторам истото – открива Жонг.
Жената и децата се нервираат, работниците не сакаат да го следат неговиот пример.
Во меѓувреме во својата компанија почна да гради мисија, охрабрувајќи ги вработените да го следат неговиот пример, но како што тој вели, за сега желбата е премногу слаба.
– Потполно е неважно колку сме академски образовани и дали ќе фрламе или собираме ѓубре. За нашата околина мораме да се грижиме. Кој ќе го прави тоа наместо нас? Никој, истакнува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)