Кон крајот на минатата седмица хрватски Net.hr објави експлицитни фотографии на пратеникот и истакнат член на партијата „ХДЗ“, Фрањо Лучиќ кој што ѝ ги испраќал на својата љубовница, а овој секс скандал веќе со денови ја тресе Хрватска.
Лучиќ е во повеќегодишен брак и е татко на четири деца. Хрватските медиуми пишуваат дека тој бил познат по тоа што бил конзервативен католик, а на тамошната јавност ѝ станал познат откако на својата сопруга ѝ ги префрлил бизнисите откако против него била покрената судска постапка.
Покрај тоа што е оженет и станува збор за еден од најистакнатите членови на „ХДЗ“, проблем е и местото каде што се има фотографирано. Станува збор за луксузен хотел кој што според уредувањето им бил добро познат на хрватските медиуми кои што тврдат дека бил раскошен и украсен со скапоцени материјали со дизајнерскиот потпис на „Версаче“.
Seks skandal: Franjo Lucić u klinču s nepoznatom ženom https://t.co/DgVW3cqlNX pic.twitter.com/rUrPrbNaOO
— Svakodnevno (@Svakodnevnome) March 30, 2018
После секс скандалот кој што ја потресе Хрватска, се огласи и самиот Лучиќ кој што тврди дека фотографиите за кои што Net.hr тврди деека биле направени во ноември 2017-та година „не ѝ одговарале на вистината“ и дека некој се обидува да го намести.
„Ова е нешто крајно… не знам што да кажам освен дека ова е целосна катастрофа. Некој има направено монтажа затоа што јас немам никаква врска со тоа. Не знам од каде е тоа и кој сака да ми направи штета. Навистина не разбирам, ова нема врска со вистината. Станува збор за крволочна хајка против мене. Тоа е страшно што го прават“, изјави Лучиќ за „Јутарњи“ и порача дека нема љубовница.
„Секако дека немам љубовница. Живеам нормален семеен живот. Немам врска што е ова. Што треба мене во животот уште да ми се случи. Ова е страшно, ова е страшно, ова е страшно“, порача Лучиќ.
View image on Twitter
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)