Театарот за деца и младинци подготвува премиерна изведба на детската куклена претставата „Тоби “ по текст на Флоријан Зденек, а во адаптација на текст и режија на Драгослав Тодоровиќ. Овој пат „Театарот за деца и младинци“ подготвува навистина специфична бајка длабоко мотивирана од чисти хумани сфаќања. Режисерот Драгослав Тодоровиќ ќе каже :
–Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед.Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти , остроумни , а бога ми и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.
И покрај овој суштински аспект на детската драма, во неа се читаат и откриваат навистина сеуште актуелни проблеми кај луѓето: необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, ,потоа дискриминација по нај различни основи, физички, социјални, расни итн. Во секој случај најважно е ние самите да бидеме среќни и да бидеме прифатени со она што го носиме, со она што имаме да го понудиме на овој свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.