| четврток, 6 декември 2018 |

Гоцев признава дека ја тепал цариничката: „Еден тупаник је ударих у главата и заметна се, падна“ (ВИДЕО)

Насилникот Делчо Гоцев од делчевското село Звегор, кој пред два дена нападна цариничка на терминалот на граничниот премин во Делчево, во изјава за телевизија Стар ппотврди дека физички ја нападнал цариничката.

-Во моментот кога го зедов телефонот, таа ме удри по раката, ми го одвлече телефонот и не очекував дека ќе ме удари. Ме удира еднаш со тупаница, а потоа и со ноктите ме изгреба под очите, од десната страна на лицето. Јас само ја турнав, ја удрив по главата, таа се занесе и падна. Ми рече ќе те затепам, сега ќе одам да извадам лекарско уверение и ќе те судат. Реков оди, а од лицето ми течеше крв, раскажува Делчо Гоцев.

Гоцев ѝ е добро познат на јавноста и полицијата во Делчево, важи за лице со богато криминално досие и блиски конекции со власта.

МВР се обидува да го заташка случајот кој го квалификува како физичка пресметка иако е извршено кривично дело – напад врз службено лице кое е на должност и се здобило со тешки телесни повреди. Очевидците негораат дека цариничката го нападнала Гоцев. Случајот го истражува и царинската управа.

 Секторот за професионална одговорност при Царинска управа во рамки на своите надлежности го испитува случајот. Во врска со ова, Царинската управа ќе излезе со официјален став по завршувањето на истрагата и по добивање на сите потребни податоци. – велат од Царинската управа.

МВР повторно штити насилник: Нападот врз службено лице квалификуван како физичка пресметка (фото)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top