Инцидентот што се случи на ГП „Делчево“ кога делчевец нападна цариничка на своето работно место МВР го квалификува како физичка пресметка, во која настрадале двајца – делчевецот Делчо Гоцев и цариничката.
За штипската телевизија Стар Гоцев ја изнесува својата верзија од настанот. Тој вели дека инцидентот е резултат на повеќегодишна нетрпеливост на дел од вработените на Царина кон него, а кулминирал со физички напад од страна на цариничката.
-Во моментот кога го зедов телефонот, таа ме удри по раката, ми го одвлече телефонот и не очекував дека ќе ме удари. Ме удира еднаш со тупаница, а потоа и со ноктите ме изгреба под очите, од десната страна на лицето. Јас само ја турнав, ја удрив по главата, таа се занесе и падна. Ми рече ќе те затепам, сега ќе одам да извадам лекарско уверение и ќе те судат. Реков оди, а од лицето ми течеше крв, раскажува Делчо Гоцев.
Република вчера објави дека лицето со иницијали Д.Г. со мотокрос влеголo на царинскиот терминал на граничниот премин и во бифето без никаква причина ја нокаутирало цариничката со иницијали М.С., која била на нејзиното работно место во униформа.
Како што дознаваме од очевидци на настанот, Д.Г. почнал да ја навредува цариничката која во тој момент била на својата 12-часовна смена и ручала во бифето.
Тој ја прашал како смее да руча и физички ја нападнал со тупаници и ѝ нанел тешки телесни повреди, по што М.С. паднала во несвест. По настананот Д.Г. побегнал со својот мотор. Била повикана и полиција, дошол и инспектор, но, како што дознаваме, по насилникот не се трагало.
Од друга страна, цариничка тврди дека токму таа и нејзините колеги се мета на постојани навреди и закани од Гоцев. Таа демантира дека физички го нападнала, туку дека тој ја снимал додека ручала во бифето, а таа само со рака му го оттргнала телефонот. По ова следувал жесток удар од Гоцев од кој таа паднала и се здобила со сериозни повреди, за што потврдуваат и фотографиите.
Д.Г. ` е добро познат на јавноста и полицијата во Делчево, важи за лице со богато криминално досие и блиски конекции со власта.
Покрај тоа што е извршен напад врз службено лице кое е на должност и се здобило со тешки телесни повреди, сега од МВР тврдат дека се работи за физичка пресметка во која учествувала и цариничката. Очевидците тоа го негираат. Случајот го истражува и царинската управа.
Секторот за професионална одговорност при Царинска управа во рамки на своите надлежности го испитува случајот. Во врска со ова, Царинската управа ќе излезе со официјален став по завршувањето на истрагата и по добивање на сите потребни податоци. – велат од Царинската управа.
МВР повторно штити насилник: Нападот врз службено лице квалификуван како физичка пресметка (фото)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)