| четврток, 6 декември 2018 |

Карловац: Минирале банкомат за да го ограбат, наместо тоа целиот го разнеле (ВИДЕО)

Синоќа околу 3 часот по полноќ силна детонација го кренала Карловац на нозе. Експлозијата се случила на банкомат на Карловачка банка. Банкоматот е целосно уништен, а разбојниците изјбегале со пленот.

На снимката што ја објави Индекс.хр се гледа дека покрај банкоматот стои сив караван од кој излегува еден маж со капа на главата. По некое време од возилото изледува и друг маж со качунка наглавата. Го полнат банкоматото со гас, па набрзо од силната експлозија се затресла целата зграда, а банкоматот бил уништен. Интересно е дека крадците го дозирале експлозивот, така што не попукале прозорците во зградата, а останал недопрен и банкоматот на друга банка сместен од другата страна на влезот.

Делови од разнесениот банкомат имало на сите страни и на десетина метри по паркингот. Крадците влегле низ разнесената врата и за неколку мига избегале во непознат правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top