По апелот за помош на семејството Ристески, мајка Марина, татко Јован и нивниот тригодишен син Александар кои живеат во село Долгаец, во близина на Прилеп, Македонската опера и балет одлучи парите од продадените билети за претставата „Мадам Батерфлај“, која ќе се изведе на 03 април со почеток во 20:00 часот, да се донираат во хуманитарни цели. На ова семејство му е потребен топол дом, за малиот Александар да има безгрижно детство заедно со своето семејство.
Билети може да се набават на билетарницата на МОБ и онлајн на www.mob.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.