| четврток, 6 декември 2018 |

Имате рок до 19.30 – обелоденета тајната на повикот на Вучиќ, кој смени се!

Им реков пред два дена дека имаат рок до 19.30 да се повлечат и се повлекоа, а во 19.20 го вратија Марко Ѓуриќ- рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обелоденувајќи ја на тој начин содржината на едниот повик, за кој Марко Ѓуриќ после апсењето рекол дека го запрел понатамошниот терор.

-Мораа да се повлечат „после извесен момент“ – рекол Вучиќ за Прва телевизија и додал дека Албанците морале да се повлечат и кога, како што рекол, минатиот пат исто така ги предупредил.

Вучиќ се надева дека тоа веќе нема да им падне на памет.

Тој сето тоа го рекол одговарајќи на прашањето кој е гаранција дека РОСА нема веќе да упадне на северот, но и заклучил: Немаме веќе никава гаранција, освен себе-рекол Вучиќ.

Престедателот на Србија нагласил дека полтичката цел на Албанците е да го заземат северот на Косово, како на Србите би им ја одзеле и последната карта од ракавот за било каков компромис за КиМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top