Американската амбасада на Косово ги предупредува своите граѓани на зголемен ризик од терористички напад на Косово, особено за време на велигденските празници.
На сајтот на Амбасадара на САД во Приштина стои дека американските државјани би требало да бидат вимателни за време на настаните поврзани со чествувањето на православниот и католичкиот Велигден.
Во предупредувањето се нагласува дека екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристички локации, трговски центри, барови, верски објекти и други, како што велат, полесни цели. Се наведува дека предупредувањето на наведените места е исклучително важно.
На Американците кои доаѓаат на Косово или веќе се таму им се советува да не се истакнуваат во јавност и да не привлекуваат внимание, да ја променат рутата на двужење за да останат незабележани од криминалците и терористите, а кога се на јавно место да обратат внимание на излезите во случај на опасност и службите за безбедност.
Предупредувањето е издадено вчера, два дена по ескалацијата на ситуацијата на Косово, кога беше уапсен српскиот директор на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, на Косовска Митровица. Ѓуриќ беше приведен и потоа протеран во Белград во понеделникот напладне, а за време на акцијата беа уапсени и повредени повеќе од 30 Срби.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по инцидентот на Косово изјави дека терористи облечени во полициски униформи се обиделе да покажат дека можат да го заземат северниот дел на Косово. Тензиите продолжија и кога претставниците на Србите на Косово го објавија планот за формирање на Заедницата на српските општини. Првата реакција на косовската влада беше дека таа заедница нема да има легитимитет.
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, порача по пат на „Фејсбук“ дека нема да има поделба на Косово и размена на територии. Тој напиша дека Српската листа треба да се врати во Собранието и да дискутира за заедничките теми, за доброто на сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации