| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи го обвинува Белград за вчерашниот инцидент: „Илегалната“ посета на Ѓукиќ е провокација на Белград!

Одлуката на Српската листа за напуштање на косовската Влада е доказ дека вчерашниот инцидент по „илегалната“ посета на српскиот владин слубеник Марко Ѓукиќ на Митровица претставува провокација на Белград, изјави денеска претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Според Тачи, сето ова се случува откако тој наложи да започне изработката на статутот на Заедницата на српски општини, чие формирање е обврска на Приштина согласно Бриселскиот договор.

Тачи нагласи дека за последните случувања денеска разговарл со високата претставнича за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, кој му го пренела ставот на Брисел дека дијалогот меѓу Белград и Приштина нема алтернатива.

– Уште еднаш се согласивме за потребата од намалување на тензиите, бидејќи дијалогот нема алтернатива. Сите мораме да се насочиме кон напредок, истакна Тачи во врска со разговорот со Могерини, која вечерва ќе допатува во Белград на разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со последните настни на релација Србија-Косово.

Припадници на косовската полиција синоќа упаднаа за време на одржувањето на средба на локалните Срби во Косовска Митровица, при што беше приведен директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и беа повредени вкупно 32 лица, од кои пет потешко, а меѓу нив и косовскиот министер за земјоделство Ненад Рикало. Меѓу повредените има и претставници на медиумите.

По ваквиот инцидент, Српската листа денеска најави дека излегува од косовската Влада и дека 10-те општини со мнозинско српско население во Косово на 20 април ќе ја формираат Заедницата на српски општини.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по ова изрази надеж дека Српскате листа сепак ќе ја преразгледа одлуката за напуштање на неговата Влада.

– Едностраните мерки и прекинот на соработката не се добра работа, изјави Харадинај по вонредната седница на косовскиот Совет за национална безбедност.

– Тоа е избрзана и штетна најава. Видовте што се случи вчера кога нема комуникација. Подобро е се да вратиме на маса и да одиме напред. Уверен сум дека ќе најдеме заеднички јазик, наместо да дејствуваме еднострано, рече Харадинај.

 

извир:МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top