| четврток, 6 декември 2018 |

Ме водеа како куче, ме влечеа за кравата по земја, правеа селфи со мене – Ѓуриќ во завои раскажа за вчерашните настани

-Албанските сепаратисти вчера на брутален и насилен го нападнаа нашиот народ на Северот на  Косово и Метохија. Горд сум на граѓаните на Косовска Митровица кои голорако и мирно се бранеа – рече директорот на Канцеларијата  за КиМ, Марко Ѓуриќ во своето прво обраќање, по неговото апсење во Косовска Митровица по што со лисици на рацете спроведен е во Приштина, а оттаму до административниот премин Мердаре, од каде е прогонет во Србија.

Тој вели дека ноторна лага е дека косовските власти не биле информирани за неговото доаѓање.

Кога видоа дека почнавме да разговарме на слободен начин, пратија стотина вооружени, терористичка банда – рекол тој и додал:

-Се обидуваа да ме понизат, ми ја набиваа главата на колено, правеа селфи со мене, а сето време ми држеа пушка калашњиков вперена во стомакот, а еден ми се закануваше и со нож. После ме извлекоа од транспортерот, ме влечеа по улиците на Приштина и на крај ме ставија во подрум!

-Нас ова нема да не поколеба, ја продолжуваме нашата борба. Оние кои ова го напрвија, најмногу би сакале да ги видат Србите кои се декор и фолклор во лажните влади, но тоа нема да го дозволиме – рекол Ѓуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top