-Албанските сепаратисти вчера на брутален и насилен го нападнаа нашиот народ на Северот на Косово и Метохија. Горд сум на граѓаните на Косовска Митровица кои голорако и мирно се бранеа – рече директорот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ во своето прво обраќање, по неговото апсење во Косовска Митровица по што со лисици на рацете спроведен е во Приштина, а оттаму до административниот премин Мердаре, од каде е прогонет во Србија.
Тој вели дека ноторна лага е дека косовските власти не биле информирани за неговото доаѓање.
Кога видоа дека почнавме да разговарме на слободен начин, пратија стотина вооружени, терористичка банда – рекол тој и додал:
-Се обидуваа да ме понизат, ми ја набиваа главата на колено, правеа селфи со мене, а сето време ми држеа пушка калашњиков вперена во стомакот, а еден ми се закануваше и со нож. После ме извлекоа од транспортерот, ме влечеа по улиците на Приштина и на крај ме ставија во подрум!
-Нас ова нема да не поколеба, ја продолжуваме нашата борба. Оние кои ова го напрвија, најмногу би сакале да ги видат Србите кои се декор и фолклор во лажните влади, но тоа нема да го дозволиме – рекол Ѓуриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Војна: Ѓуриќ и Харадинај ги вкрстија копјата на Фејсбук и Твитер!
-
Еден од нив ни пикна два прста во устата и така ме влечеше за лицето – Ѓуриќ се наврати на настаните во Косово!
-
Тревога на највисоко ниво: Дали Тачи наредил да го понижат Ѓуриќ?
-
Гола Тамара Ѓуриќ во садо мазо фазон го покажа задникот(фото18+)