| четврток, 6 декември 2018 |

Дефект на американскиот систем „Патриот“: Ракетата се вратила во град ( Видео)

Официјални претставници на воздухопловните сили на Саудиска Арабија соопштија дека синоќа пресретнале ракети над североисточниот дел на Ријад. Сепак, еден од пресретнувачките проектили наводно се вратил.

Ракетите биле истрелани од бунтовниците Хути од Јемен. Светските медиуми објавија дека биле истрелани повеќе проектили кон аеродромите во Саудиска Арабија, а еден од нив бил насочен кон аеродромот во Ријад.

Како што се наведува, јеменските Хути лансирале ракети „буркан 2“, „кахер 2“ и „бадер 1“, кои се направени во Јемен и за првпат биле лансирани на 22 март годинава. Од друга страна, Саудиска Арабија користела американски противвоздушен одбранбен систем, „патриот“, кој, според снимките од социјалните медиуми, во тој момент затаил.

Имено, една ракета се вратила и паднала во градот, а постојат и аметерски снимки на кои луѓе се приближуваат до остатоците од ракетниот систем „патриот“.

Агенцијата „Ројтерс“ објави дека нејзини новинари во Ријад слушнале одеци и виделе чад во воздухот непосредно пред полноќ. Друг сведок, кого британската агенција не го именува, рекол дека видел силен зрак светлина по наводната експлозија.

Саудиската страна не коментираше дали останатите ракети ги погодиле целите. Хутите, пак, објавија дека со овој напад ја одбележале годишнината од саудиската агресија во Јемен.

makfax.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top