| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободен е Марко Ѓуриќ

Претседателот на Косово Хашим Тачи и косовската полиција соопштија дека е ослободен Марко Ѓуриќ, главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, што се спроведуваат со посредство на ЕУ.

Ѓуриќ беше уапсен денеска во Косовска Митровица.

Косовскиот претседател Тачи рече дека полицијата го придружувала Ѓуриќ до граничен пункт меѓу Косово и Србија.

– Тој случај не треба да ја нарушува комуникацијата меѓу Косово и Србија, напорите за нормализација и помирувањето меѓу Косово и Србија, нагласи Тачи.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика за вечерва седница на Советот за национална безбедност, јави Танјуг откако попладнево беше приведен Ѓуриќ.

Ѓуриќ беше приведен од салата во која се одржувал разговор во рамки на внатрешен дијалог за Косово.

Српски жители во Косовска Митровица се обидоа да спречат влегување во зградата каде бил Ѓуриќ, по што косовската полиција употреби шок бомби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top