| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничката драма заврши со среќен крај, ослободен киднапираниот Пулидо

alan pulido

Мексиканските власти соопштија дека репрезентативецот и фудбалската ѕвезда на Олимпијакос Алан Пулидо е ослободен од своите киднапери. Безбедностите служби на Тамаулпас, сојузната држава на северот на Мексико, објавија дека ослободувањето на фудбалерот било изведено синоќа, а допрва ќе бидат спроведени лекарски испитувања.

Фудбалерот на Олимпијакос бил киднапиран од страна на шест маскирани лица кои со камиони го опколиле неговиот автомобил во 2 часот наутро додека тој бил со својата девојка.

Засега сè уште нема детали за киднапирањето ниту пак за евентуалниот мотив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top