| четврток, 6 декември 2018 |

Како Марко Ѓуриќ е внесен во полициската станица во Приштина? (видео)

Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ денеска попладне беше уапсен во северна Косовска Митровица, а полицијата на Косово го привела во полициската станица во центарот на Приштина.
Властите во Приштина им забранија денес влез на територијата на Косово на српските министри Александар Вулин и Владан Вукосављевиќ, а претходно им беше забранет влез и на шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ и главниот секретар на српскиот претседател Никола Сељаковиќ, јавува РТС.
Се шпекулира дека Ѓуриќ може да добие трајна забрана за влез на Косово.
Со лисици на рацете и опкружен со околу 100 маскирани припадници на полицијата на Косово, Ѓуриќ „како обичен криминалец бил приведен во полициска станица во приштина“, јавуваат српските медиуми.
Портпаролот на косовската полиција Баки Кељани изјави дека полицијата постапува според барањата на министерството за надворешни работи на Косово и властите кои побарале апсење на Ѓуриќ во случај нелегално без дозвола да влезе во Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top