Ели Меј Кларк и нејзината мајка не биле примени кај докторката бидејќи постоело “правило од 10 минути”, па девојчето не стигнало на време за да ја добие терапијата која ќе и го спасела животот.
5-годишното девојче од Њупорт кое боледувало од астма, починало во болницата откако медицинската сестра одбила да ги прими кај докторот бидејќи задоцнила на терминот за преглед.
Незината мајка забележала дека нешто не е во ред и побрзала кон болницата, меѓута задоцнила 25 минути на претходно закажаниот преглед. Таа дури се сеќава дека на медицинската сестра во болницата и кажала дека може да задоцни.
Мајката тврди дека медицинската сестра дури 20 минути подоцна ја известила докторката дека тие стигнале. Потоа следело нешто уште полошо. Докторката Џоана Ров не прашала зашто дошле, не го ни погледнала здравствениот картон на девојчето, но одбила да ја прегледа.
Мајката била очајна и својата ќерка ја однела дома, но вечерта се случило најлошото. Девојчето почнало да кашла и да отекува во лицето. Кога стигнале во болницата веќе било прекасно.
Целиот случај завршил на суд и се чека пресуда, а докторката чија непрофесионалност ја шокирала Британија, формално му се извинила на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


