| четврток, 6 декември 2018 |

Загина на нокширче додека се спремала за спиење – Милица Ракиќ, симбол на бомбардирањето на НАТО (ВИДЕО)

Да беше жива, Милица Ракиќ денеска ќе имаше 22 години, но наместо девојка Милица стана симбол на страдањата на својот народ.
Шрапнел од проектил, чиишто траги и ден-денес стојат на фасадата на семејната куќа на Ракиќ ја погодил Милица точно во 21.30 часот на 17 април 1999 година, додека седела на нокширче во бањата и го прекинал тригодишниот живот.

Нејзиното семејство само еднаш досега дало изјава за медиумите во која таткото на Милица, Жарко, ја раскажа сцената во која НАТО го убива неговото дете.
Мајката на Милица била бремена иако не го знаела тоа. Ја ставила во бањата и отишла да ѝ го подготви креветот за спиење. Вратата од тоалетот била отворена. Во еден момент се слушнала силна детонација. Прозорците, плочките и фасадата испукаале од силината на детонацијата.
Жарко втрчал во тоалетот, а Милица лежела мртва на подот. Со мртвото тело на детето се стрчал по скалите, ја ставил во возило и замилал во најблиската болница. Констатирале дека Милица е мртва.
Имала голема рана на препоните низ која искрвавела, но и други тешки повреди.

Во истиот момент полесно бил повреден Дражен Јанковиќ, кој тогаш имал само две години.

Улица во Бајница и во новосадската приградска населба Ветерник го носат нејзиното име, а неодамна беше обновена и бистата на споменикот во паркот Ташмајдан кој потсетува на страдањето на 79 невини деца во текот на 78-те дена бомбардирање.
Нејзиниот лик е насликан во манастир, а постоеле и иницијативи да се прогласи за маченица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top