| четврток, 6 декември 2018 |

Монако казнет поради навивачите (Видео)

Француската дисциплинска комисија на фудбалскиот сојуз на Франција го казни Монака со 3 поени и со играње на еден натпревар без публика

Оваа казна доаѓа поради влегувањето на терен на навивачите во последното коло од лигата против Ле Ман, исто така заради користење на пиротехника и напад на судиите.

Монако обезбеди место во првата француска лига со 6 поени предност пред Генган и 7 пред Нант.

Монако бил 7 пати првак на Франција, а и оваа сезона се очекува да биде во трка за титулата поради новите засилувања, Фалкао (Атлетико Мадрид), Жоао Мутињо, Џејмс Родригез…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top