| четврток, 6 декември 2018 |

Поминаа 19 години од бомбардирањето на НАТО врз Србија (видео)

Пред 19 години здружените сили на НАТО алијансата почнаа со бомбардирањер на Србија на 24 март 1999 година. Бомбардирањето кое траеше 7З дена, а првпат во постоењето на оваа воена алијанса, одлуката за бомбардирање ја спроведоа земјите членки без одобрение на Советот за безбедност на ОН.

Образложението беше дека тогашната држава во која влегуваа Србија и Црна Гора и претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, се виновни за пропаѓањето на мировните преговори во Рамбуе, со кои требаше да се стави крај на воените операции на војската на Србија во Косово. Директен повод беше протерувањето на околу 300.000 косовски Албанци на територија на Македонија.

Во бомбардирањето беа убиени меѓу 1.200 и 2.500 цивили. Загинаа и 1.031 припадник на војската на Србија, а беа ранети околу 6.000 цивили.

Во бомбардирањето се уништени или оштетени 25.000 станбени објекти, разорени се 470 километри патишта и 595 километри пруги.

НАТО изврши напад и на зградата на РТС, каде загинаа 16 медиумски работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top