| четврток, 6 декември 2018 |

Тевдовски раскажува за животот во Данска (ВИДЕО)

Повторно полно студио гости во Еден на Еден. Во недела, во најгледаното ток-шоу во Македонија, гостува Драган Тевдовски. Министерот за финансии пред публиката зборуваше за неговата функција, животот во Данска, студентите, семејството, но и како поминува една владина седница.

Покрај министерот, во недела ќе ги гледаме и актерите од „Исцелител“. Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмед зборуваат за тоа што сѐ се случуваше на снимањето на еден од најгледаните и најнаградувани македонски филмови во последниот период. Секако, не ја пропуштија шансата и да го зготват фамозниот колач.

Посебно изненадување за гледачите ќе биде и интервјуто со градоначалникот на градот Македонија од Охајо.

Не ја пропуштајте оваа епизода на Еден на Еден во недела 18:50 часот на Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top