| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарските политичари со нови смешни тврдења: Македонија е бугарско наследство, во неа живеат милион Бугари

Лидерот на ВМРО БНД Красимир Карачанов со нови смешни тези за Македонија и Бугарите кои живеат во земјава. Според ултрадесничарот, Македонија била бугарска, а во неа живееле милион Бугари, но се плашеле да кажат дека се Бугари.

–          Македонија е дел од бугарското културно историско наследство. Таму живеат повеќе од милион Бугари. Голем број од народот се потиснати да не се изјаснат како Бугари. Ако сме држава која има достоинство, не можеме да ги затвориме очите пред безобразијата кои што Скопје ги извршува кон Бугарија и кон Бугарите во Македонија, вели Каракачанов за бугарски Фокус.

Во врска со писмото на бугарските интелектуалци кое пред една недела беше испратено до бугарските власти со барање за безусловна поддршка на Македонија за членство во ЕУ, тој тврди дека е иницирано од бугарскиот министер за надворешни под притисок на надворешни фактори.

Знам од сигурни извори дека писмото на интелектуаците за безусловна поддршка на Македонија дека е подготвувано од министерството за надворешни работи по иницијатива на министерот Вигенин. Веројатно и тој ја продолжува политиката на отстапки на неговиот претходник Николај Младенов. Тоа писмо, според мене е исценирано за да даде повод за да се смени бугарската позиција и многу е веројатно дека е поттикнато од надворешни фактори, затоа што сите знаеме дека одредени европски земји, и не само европски, се обидуваат да ја натераат Бугарија да отстапи од нејзините праведни историски барања, вели Каракачанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top