| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Прв пат по 17 години невработеноста под 30 проценти

Првпат во Македонија, во овие 17 години стапката на невработеност се намали под 30 отсто. Во 2005 година стапката на невработеност беше 39 отсто, или намалена е за околу девет процентни поени, и тоа во услови на економска криза во светот, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на пратеничко прашање.

Министерот Ставревски како фактори за позитивниот тренд во економијата ги наброи странските инвестиции, навременото исплаќање на обврски кон стопанството и субвенции кон земјоделците, кои овозможиле прилив на свежи пари во стопанството, со што е подигнато нивото на ликвидност. Тој смета дека годинава може да се заврши со раст од 2 проценти.

 – Очекуваме дека кон крајот на годината ќе се стабилизира состојбата во земјите од Европа, со тоа се очекува и стабилизација на македонската економија. Странските директни инвестиции, имаат огромен удел во поттикнување и зголемување на извозот. Минатата година компанијата „Џонсон Мети“ преку своето производство учествуваше со 12 отсто од вкупниот извоз, рече Ставрески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top