Деца со Даунов синдром играат во балетскиот перформанс „И јас можам да бидам балерина“ кој ќе биде прикажан утре, во Кинотека на Македонија во 17 часот, на одбележувањето на Светскиот ден на Даунов синдром, 21 март.
– Оваа година ќе го одбележиме денот со презентација на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“. Младите танчери ќе ви го претстават она што го научиле за време на пробите со нивните педагози во Скопје, Битола и Радовиш. Поканете ги вашите партнери, семејства и колеги од амбасадата, организацијата или компанијата во која работите, да бидат дел од овој настан на 21-ви март – вели Ида Мантон, претседателка на Центрот за Даунов синдром.
Свеченото отворање и одбележување на Светскиот ден на Даунов синдром ќе почне во 16 часот, а балетскиот перформанс е во 17 часот. По завршување на претставата следи коктел.
– Низ изминатите неколку години организиравме голем број активности, и ја користевме секоја можност за подигнување на свеста за тоа дека има многу луѓе со Даунов синдром во нашето општество, коишто се соочуваат со секојдневни предизвици. Тие заслужуваат да живеат живот без дискриминација врз основа на попреченоста. Оваа година глобалната кампања се фокусира на: #WhatIBringToMyCommunity со надеж дека овие настани ќе можат да објаснат како луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот.
Оваа година благодарение на проектот „И јас сакам да бидам балерина“, ќе ви ги претставиме придонесите што младите танчери ги прават за нашето општество – додава Мантон.
Од Центарот за Даунов синдром очекуваат дека државата, градот, општествените мрежи и системи ќе ги поттикнат луѓето со Даунов синдром (и оние кои ги поддржуваат) да се залагаат за своите права.
– Ве повикуваме да го поддржите нашиот повик и да направите важен исчекор, со цел да ги поттикнете, и да им дадете можност на лицата со Даунов синдром да направат значајни придонеси во нашето општество. Ве охрабруваме да бидете дел до промената и да ја раширите поракава! Се надеваме дека ќе ни се придружите, и не заборавајте да носите шарени чорапи, да ги обоите ноктите со различни бои, или на друг начин да ја покажете вашата поддршка кон барањето за подобрување на квалитетот на животот на лицата со Даунов синдром – вели Мантон.
Проектот „И јас сакам да бидам балерина“, е поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. Преку овој проект, Центарот за Даунов синдром ги започна првите чекори на градење врска помеѓу неколку балетски педагози и деца со Даунов синдром во Скопје, Радовиш и Битола.
– Со овој проект ја зголемивме вербата дека танцот е област во која и луѓето со Даунов синдром се пронаоѓаат, но и преку него научивме дека неопходно е да се понудат прилагодени техники на работа и да се почне со редовни часови што порано. Проектот „И јас сакам да бидам балерина“ завршува со неколку многу значајни постигнати цели: балетски перформанс под наслов „Сите во ист свет живееме“, сликовница „Девојчето на ридот“ и Прирачник за балетски педагози.
Луѓето со Даунов синдром многу често ги привлекуваат сценските уметности, вклучувајќи го и танцот. Но, одењето на часови по танц подразбира дисциплина и фокус, вештини кои не се лесни за деца со Даунов синдром, а треба да се совладаат во раното детство. Придобивките од танцот како физичко образование со дисциплинска нота, но и креативна инспирација, имаат голем придонес во развивањето на индивидуалниот потенцијал.
Во проектот учествуваа балетските педагози: Искра Шукарова, Тијана Спасовска, Изабела Ангелова, Стефанија Милевска, сценскиот советник Искрра Ветерова и танчерите и танчерките: Марија Ѓорѓиевска – Мариче, Елизабета Јанковска-Лиза, Теодора Гроздановска-Tea, Марија Јовановска-Маца, Александар Ничовски-Алек, Кристина Димовска – Тина, Мила Силјановска – Мила, Луциа Мантон – Луци, Дамла Нанушева – Салиова, Јагмур Нанушева – Салиова, Леона Мантон – Лала.
Програма на балетскиот перформанс „Сите во ист свет живееме“:
Во светот на бајките – Марија Ѓорѓиевска – Мариче
Рапанзел – Елизабета Јанковска-Лиза
Let it go – Теодора Гроздановска-Tea, Марија Јовановска-Маца, Александар Ничовски-Алек, Кристина Димовска – Тина и Мила Силјановска
Балерина – Елизабета Јанковска-Лиза
Шарено маче – Јагмур и Дамла Нанушева – Салиова
Моана – Луциа Мантон
Малку љубов – Стефанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)