| четврток, 6 декември 2018 |

Зијадин Села: Не се враќаме во Влада!

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека нема да се вратат во Владата бидејќи станува збор за достоинство.

“Не верувам дека таква шанса да се вратиме во Влада ќе има, бидејќи се работи за достоинство. Но, во политиката никогаш не постои не, но од друга страна во вакви околности не”, изјави Зијадин Села за РСЕ

Во врска со начинот на изгласување на Законот за употреба на јазиците и неговата содржина Села вели дека истиот е многу важен закон за албанското општество во Република Македонија и  дека не треба да се дели дали е тоа дел од реформите или не е дел од реформите.

“Зборуваме дека законот е донесен без дебата што не е вистина. Можноста за дебата во врска со законот имале сите. Забораваме дека во 2008 беа донесени над 100 закони, меѓу кои и законот за употреба на јазиците од страна на истите политички актери кои сега се спротивставија на законот и кои бараа да има јавна дебата. Паметите во 2008 како се донесе законот? Значи ова беше непотребна реакција од нивна страна. Ова е само играње политики и патриотизам пред народот, а не им е тоа целта, бидејќи истите политички актери, јас многу добро сум информиран, кога беше во прашање да се формира ново мнозинство го прифатија истиот закон и не се согласуваа само со Специјалното јавно обвинителство. Значи се работи само за театар, за ништо друго. Овој закон за волја на вистината требаше да се донесе во 2004 година кога требаше да се исполни законската рамка на Охридскиот рамковен договор, значи доцниме 14 години. Законот за употреба на јазиците е многу важен закон за албанското општество тука во Република Македонија и мислам дека не треба да се дели дали е тоа дел од реформите или не е дел од реформите. Дел од реформите е почитување на елементарните права на граѓаните, употребата на јазикот е елементарно право на секој граѓанин. Изјавите на некои, како што тврдите вие, претставници на амбасади мислам дека се неодговорни и можеби не ги знаат доволно политичките случувања и затоа даваат такви изјави”, изјави Села.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top