Фабијана Перез, девојката која брутално беше претепана од страна на бејзбол играчот Данри Васкез проговори за се она низ што поминала поради насилството врз неа.Таа открила дека во врска со Васкез била 6 години и дека во времето на насилството на кое била изложена, биле свршени.
-Го гледав видеото и помислив: Како можеше на мене да ми се случи вакво нешто?Зошто ништо не превзедов – рекла Фабијана (21) и додала дека се кае затоа што не поднела тужба против Васкез.
-Бог нека му прости. Знае што направил. Во тој момент му простив, но да го знаев она што сега го знам, би донела поинаква одлука- рекла таа.
Инаку Фабијана претпрела многу критики бидејќи со месеци после насилството, останала со Данри во врска.
-Луѓето не знаат во каков страв живеев. Јас не се сеќавам на половина работи од она што се гледа на снимката-додала Фабијана.
Само еден ден откако интернетот беше преплавен со снимката од насилството, беше обелеоденето дека Данри Васкез побарала за жена девојка на плажа, но не истата која е на снимката. Тоа се случило само 15 месеци откако ја претепа претходната девојка.
-Тоа што сум го направил и што се гледа на снимката не е добар пример. Тоа не сум јас. Се променив. Созреав како личност. Оженет сум, но не со девојката со која имав инцидент-рекол Васкез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)