Во дебата на „360 Степени“, Насер Зибери – поранешен министер и пратеник, учесник во многу сензитивни политички преговори и подготовка на закони, зборуваше за носењето на Законот за употреба на јазиците и обврската на претседателот за негово потпишување.
– Имајќи ја во предвид актуелната политичка култура, имаме ситуации каде претседател на држава и во ситуација кога по Устав е должен да постапи, тој не постапува. Од тука се наметнува прашањето дека има потреба од интервенции во Уставот, и напуштање на суспензивното вето на претседателот во делот на прогласување на законите. Имаме практика и од други земји. Уставот на Италија, на пример, вели – доколку при повторно разгледување, со мнозинство од бројот на членови на Парламентот биде усвоен одреден закон, тој по сила на Уставот влегува во сила и се прогласува. Значи, по втор пат претседателот веќе нема право да го кочи процесот и да ја дерогира законодавната дејност на Собранието. Затоа, треба формулација која ќе го прецизира ова. Унгарија има трето решение – вели, доколку претседателот не се согласува и цени дека одредена одредба е спротивна на Уставот, тој во рок од 5 дена треба да се обрати до Уставниот суд и да бара мислење од Уставниот суд и потоа да одлучи дали ќе го потпише или не. Ама тогаш е поткрепен со став на Уставниот суд кој е надлежен за таа работа, а не по волја на претседателот – рече Зибери.
Тој потенцираше дека се работи за институционална, а не за уставна криза бидејќи Уставот предвидува како се постапува во ваква ситуација, како и дека претседателот не е орган кој ја оценува законитоста и уставноста на одреден закон. Во однос на донесувањето на самиот закон, тој вели дека немало потреба претседателот на Собранието, Талат Џафери писмено да бара од пратениците да поднесуваат амандмани, како и дека требало собраниските служби да направат селекција и да ги одбијат сите амандмани кои не се однесуваат на забелешките на претседателот Иванов. Сепак, неговиот заклучок е дека решението треба да се бара во Уставот и дека одговорноста сега е адресирана само на едната страна, односно исклучиво кај претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)