| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на фудбалскиот терен, Караско му го спасуваше животот на Гаитан (Видео)

Кариерите на Николас Гаитан и Јаник Фереира Караско во новиот клуб во Кина не започнаа добро.

Поранешниот фудбалери на Атлетико Мадрид денес доживеаја вистинска драма на теренот.

За време на натпреварот на нивниот тим Далијан против Пекинг, по наизглед обичен дуел во второто полувреме, Гаитан се најде на земја, а на помош веднаш дотрча Караско.

Тој со брзата реакција му го извади јазикот на соиграчот, кој без да се мрдне лежеше на теренот, и со тоа му го спаси животот. На терен потоа веднаш дојде лекарската екипа која му пружи помош на Гаитан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top