СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот Г.П. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда”.
– Казненото дело го сторил на 10-ти овој месец околу 20:00 часот во домот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. При семејна расправија со родителите, пријавениот започнал да им упатува сериозни закани по нивниот живот по што започнал да крши делови од покуќнината. Во моменти на силна агресивност физички ја нападнал неговата мајка удирајќи ја со рака во предлот на градите. Физичкиот напад за кратко го спречил неговиот татко, но по кратко време пријавениот земал безбол палка и продолжил да ја удира мајка си, задавајќи и` повеќе удари во главата. Од ударите, таа се здобила со телесни повреди во главата, левата рака и градниот кош по што била пренесена во Општата болница во Охрид, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.