| четврток, 6 декември 2018 |

На први април уште едно издание на Женска трка

Денес завршува вториот рок, а од утре, 16ти март, започнува последниот круг за Авицена Женска трка 2018. Оваа трка е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2018.

Трката ќе се одржи на 01 април, а последниот рок за пријавување е 28ми март. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да ја посетат официјалната страна на Авицена Женска трка и да се впуштат во оваа еднодневна забавна авантура со вклучување во трката на www.zenskatrka.mk

Сите кои ќе се пријават денес ја имаат можноста нивното име да биде испишано на стартниот број. За директно пријавување може да се посети и партнерот за онлајн регистрација: www.smartrace.club

Оваа година трката ќе почне од Фонтана Лотос во Скопје, пред Градски парк и ќе се трча по булевар Илинден за прв пат правејќи ја оваа трка улична. Стартот и целта ќе бидат пред Фонтана Лотос на булевар Илинден и по самиот булевар ќе се трча еден круг од 2 км. Трката ќе започне во 10.00 часот, додека во 09.30 часот се предвидени аеробик вежби за загревање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top