Секој ден од 6.20 часот наутро па натаму, во близина на Бангкок, Тајланд, низ пазарот „Мaеклонг“ минува воз. Станува збор за пазар со една од најбогатите понуди на риба и морски плодови, а покрај тоа, купувачите на ова место може да си набават и овошје, сладолед и други свежи производи.
Доколку се прашувате што е постаро, пазарот или возот, одговорот е – пазарот. Иако железничката пруга датира од многу одамна, поточно од 1905 година, сепак пазарот постоел со децении претходно.
Наместо да се тргнат од пругата, пазарџиите продолжиле да ја продаваат својата стока токму на тоа место на тој начин што ја тргаат секогаш кога ќе мине возот. Денес има и сигнален звук кој предупредува дека возот ќе помине во рок од три минути. Во тој момент продавачите набрзина ја тргаат целата стока што е во близина на пругата.
„Нема време за разговор. Мора веднаш да ја отстраните стоката за возот да не ви ја уништи“, вели еден од продавачите. „Возот запира, патниците влегуваат, а потоа продолжува понатаму. Со тоа и животот на пазарот продолжува да се одвива како да ништо не се случило“, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)