Во Македонската опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде одиграна балетската претстава “Дамата со камелии“ со Александра Мијалкова и Василиј Чичијашвили во главни улоги.
Се работи за балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика на премиерата на 31 октомври 2014 година. Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Кореографијата е на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.
Кореографијата е на Василиј Медведев (Русија), а настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и Оркестарот на Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.