Триесет и двајца се убиени во судирите меѓу две племиња во Нигерија предизвикани поради кражба на говеда, соопштија тамошните власти.
Инцидентот се случил откако сточари од племето Фулани ги нападнале земјоделците од племето Тарок за да им се одмаздат за кражба на 300 грла добиток во оваа област.
Припадниците на племето Фуланите се муслимани, а на Тарок христијани, јавува „Асошиејтед прес“.
Во верските судири во Нигерија од 1999 година до денес настрадале илјадници луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.