| четврток, 6 декември 2018 |

Заев емотивно се врзал за мерцедесот иако не му треба на СЈО (видео)

Владата одлучи да не го продава мерцедесот којне едоказ во судска постапка, поточно одлучи постапката за продавање да ја стави во мирување.

Практично во листата на докази, ниту СЈО, ниту одбраната го има предложено возилото како доказ. Или возилото не е доказ, и не е предмет на судската постапка. Предмет на постапката е постапката за набавка и неговото користење. Она, пак, што е очигледно од владината одлука е дека на премиерот Зоран Заев не му се дава мерцедесот вреден повеќе од 500 илјади евра.

Заев пак во предизборната кампања за локалните избори минатата година во октомври рече „ви најавувам ќе го вратиме тенкот (мерцедесот) од 600.000 евра и со парите ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија“

За СЈО, пак, нема потреба од мерцедесот во доказната постапка. Тие сметаат и дека автомобилот не можел да биде запленет, бидејќи е сопственост на државата. Или според нив нема формални пречки за продажба и истиот може да се продаде.

Владината одлука да се задржи мерцедесот наиде на коментари по социјалните мрежи и тоа главо од луѓето блиски до СДСМ или дури и поранешни функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top