| четврток, 6 декември 2018 |

Пред 23 години „гатач“ на Кејт Мидлтон и кажал дека ќе се омажи за богат господин по име Вилијам, ова е нејзината реакција (Видео)

Британските медиуми на ЈуТјуб наишле на снимка од Кејт Мидлтон од 1995. година.

Станува збор за снимка од училишна претстава на која гатач на 13-годишната Кејт Мидлтон и предвидува дека ќе се омажи за згоден, богат човек по име Вилијам.

Кејт Мидлтон одела во училиште во Сент Ендру во Бакхолд, каде во една прилика глумела и во училишна претстава. Кејт се појавува на бината, облечена во бела тоалета, заедно со гатачот кој по гледањето на дланка и ја предвидува иднината.

-Наскоро ќе запознаеш згоден, богат господин, рекол гатачот во претставата.

-На тоа секогаш се надевав, восхитено рекла Кејт и го прашала дали и тој ќе се заљуби во неа.

Тој одговорил дека „не само што ќе се заљуби, туку и ќе се ожени со неа и ќе ја однесе во Лондон“.

Снимката станува уште поинтересна кога на сцената се појавува човек кој клекнува на колено и вели: „Само кажи да”. Кејт на тоа одговара: „Да, мил Вилијам”.

Принцот Вилијам и Кејт се венчаа во 2011 година, имаат две деца, Џорџ и Шарлот,а сега очекуваат и трето дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top