Челниците на италијанскиот фудбал, синоќа одржаа состанок на кој се донесени нови одлучи, кои ќе започнат да се применуваат од стартот на следната сезона. Најважна промена е тоа што во Серија А ќе се промени датумот до кој ќе трае летниот преоден рок.
Беше решено преодниот рок да мора да заврши до стартот на новата сезона, односно нови играчи да не може да се купуваат по одигрување на првиот натпревар од сезоната. Затоа, наместо до 31 август како што досега беше обичај, преодниот рок во Италија ова лето ќе трае до 18 август, за кога е и закажан стартот на новата сезона во Серија А.
Ќе се промени и времетраењето на зимскиот преоден рок, кој ќе заврши до 18 јануари.
Една од поинтересните новини кои беа донесени е тоа што во Серија А од следната сезона ќе има „Boxing Day“, како што со години прават Англичаните. Планот е да има дуели во Серија А и тоа на 22, 26 и 29 декември, со надеж дека во деновите пред празникот, ќе има поголем интерес за фудбал кај навивачите и стадионите ќе бидат полни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со двата гола на Брозовиќ, Интер го совлада Беневенто (Видео)
-
Наполи со пресврт го совлада Лацио, Јувентус со минимална победа против Фиорентина
-
Милан и Интер убедливи на стартот на новата сезона, Лацио не успеа да го совлада новајлијата Спал
-
Јуве одбраната на титулата ја стартува против Калјари, реновираниот Милан гостува кај Кротоне