| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалец од Сирија пред децата ја заклал сопругата и преку Фејсбук им се закани на сите жени: Вака ќе завршите (вознемирувачко видео)

Абу Марван(41), бегалец од Сирија кој сега живее во градот Милакер во југозападна Германија, ја заклал својата сопруга (37) пред синот(12) и малата ќерка и така испрскан со крв го вклучил Фејсбук лајв и поставил видео со кое им се заканува на сите жени кои ги изневеруваат своите мажи.

Тие двајцата живееле одвоено, а крвавото злосторство се случило кога ја посетил за да го решат проблемот, а таа го исфрлила од дома.

-Јас сум Марван. Само што бев со својата жена. Ме исфрли од дома и јас ја избодев со нож. И реков: Пушти го мојот син да живее со мене, но таа тоа го одбиваше и сакаше да оди во службата за социјална работа…Тогаш три или четири пати и го зарив ножот. Не знам дали е жива или мртва. Сите вие жени, ова ќе го добиете, ако ги изневерувате своите мажи – задишано рекол тој во камерата.

Марван избегал од местото на злосторството, но полицијата брзо го упасила во блискиот Карлсруе.

Колкав бил ужасот говори и фактот дека нивната ќерка, за која медиумите не наведуваат колку е стара, но сугерираат дека е помлада од братот, повикала полиција и го пријавила злосторството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top